Металург ја продолжи победничката серија

Очекувана победа за ракометарките на Металург и во 4. коло од Женската лига откако против Гевгелија немаа никаков проблем за освојување на нови бодови.

Единствениот дел од мечот кога гевгеличанки беа во подобра позиција од Металург беа првите неколку минути кога поведоа со 2:0. Откако Металург направи серија од 4:0 и дојде до 4:2 работите тргнаа позитивно за домашните.

Во првиот дел гостинките успеаја да издржат и да бидат на четири гола разлика, но во вторите 30 минути работите беа позитивни за домашните кои успеаја да стигнат до неколку гола во серија и дојдоа до високи 12 гола со кои ја потврдија улогата на фаворити и стигнаат до уште три бода.

Металург останува единствениот тим со четири победи на четири средби досега во сезоната.

МЕТАЛУРГ – ГЕВГЕЛИЈА              30:18 (14:10)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 50. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Цано Куртовиќ од Скопје.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Кркачева, Паскал, Гугуљанова 1, Кукунешевска 1, Ѓорѓиевска 2, Гулицоска 4, Тасевска 2, Смајлоска, Калајџиевска 4, Граматова 1, Стојановска 2, Стефановска 2, Гајиќ 5, Брунчевиќ 3, Гичевска 3.

Седмерци: 4/7, Исклучувања: 6 мин.

ГЕВГЕЛИЈА: Каранфиловска, Горковска, Мандалова, Анчева 6, Карајанова, Попова, Асановиќ, Митревска 4, Хоел, Димова 1, Чурлинова, Шутева 1, Љупова, Стојанова, Мандалова, Танева, Митрова 6.

Седмерци: 0/1, Исклучувања: 10 мин.