Металург ја освои Војводина

Ракометарите на Металург во СЕХА лигата во рамките на петтото коло беа подобар противник од домашната екипа Војдовина. Екипата од ” Автокоманда” во вечерашниот натпревар триумфираше со резултат од 25:22 ( 12:11).

Во одлична партија се покажа Лука Циндриќ кој прокнижи девет погодоци на своето конто. Вуко Борозан додаде четири погодоци во мрежата на Војводина. Кај домашната екипа со по четири погодоци се истакнаа Милош Обровиќ и Вук Лазовиќ.

Во шестото коло РК Металург на свој терен го пречекува Борац од Бања Лука.