Металург ја започна СЕХА сезоната со прес-конференција

На првата овосезонска прес-конференција по повод првиот натпревар во СЕХА лигата, македонскиот шампион Металург ја нагласи новата визија и проект за наредните сезони. Лино Червар ги обелодени новиот концепт и плановите за иднината на македонскиот шампион.
DSC_0240
Лино Червар, шеф на стручниот штаб на Металург:
Започна сезоната 2014/15, драго ми е што тука можам да ви кажам што очекуваме од оваа сезона. Пред сите медиуми љубители на ракометот подржувачи на Металург, со еден збор пред ракометното семејство на Металург ќе ве известам дека нашите планови за оваа сезона малку ќе ги промениме. Ние добро ги анализиравме нашите последни три сезони и заклучивме дека го достигнавме максимумот, јас знам дека сите ние секогаш сакаме повеќе. Но за Фајнл Фор во Лигата на Шампионите треба нешто повеќе, затоа ние се определивме за нов проект. Започнуваме нов двегодишен проект, кој ќе се темели на подмладување на екипата со млади таленти, а ќе направиме една синергија со најдобрите македонски ракометари кои ќе им бидат поддршка на младите таленти. Од 25 играчи ќе имаме 13 млади играчи, на дел од нив ќе им се приклучат и тројца ракометари од Металург јуниор за настапите во СЕХА лигата. Нашиот тим ќе се темели на млади талентирани играчи се со просечна висина од 2 метри,  ретко кој може да се пофали со тоа во Европа. Сакаме со проектот да бидеме посебни, да изградиме тим за почитување.
СЕХА лигата ќе биде одлично место за разигрување, сметам дека треба да настапуваме во СЕХА лигата и ја имаат целата моја поддршка, но се додека не добие вистински легитимитет од ЕХФ ќе ја користиме за разигрување и тестирање на способностите на младите играчи. Без разлика на се, ние ќе сториме се за да ја освоиме седмата титула во домашното првенство.
Татран е веќе во натпреварувачка форма, ние сеуште ја темпираме формата, тоа ќе биде добар натпревар, се врати Копчо имаат одлично крило во Антл и секако Рабек и Кристопанс на бековски позиции. Ќе се обидеме да победиме и да се претставиме во вистинско светло во СЕХА лигата. Приоритет е домашното првенство и ќе се потрудиме да ја задржиме титулата во Автокоманда. На крај сакам да се заблагодарам на медиумите, публиката и „Пиратите“ кои секогаш не подржуваа.
Во обраќањето пред медиумите покрај шефот на стручниот штаб Лино Червар и претседателот на клубот Левче Китевски, по шест месечна пауза се појави Наумче Мојсовски кој истакна дека е подготвен да се врати на терените.
DSC_0243
Левче Китевски, претседател на РК Металург:
Металург минатата сезона започна со трансформација во АД, а со реструктуирање ќе продолжиме наредниот период. Нашите планови се големи, со нови проекти и нови размислувања ќе продолжиме да ја градиме нашата стратегија, имаме наши замисли се надевам дека успешно ќе ги оствариме. се надевам како и во минатиот мај, дека ќе го освоиме трофејот во македонскиот шампионат.
DSC_0241
Наумче Мојсовски, ракометер на РК Металург:
После 6/7 месеци ова ми е прва прес конференција. Сите знаеме за повредата која ја имав, а се случи токму на натпревар од СЕХА лигата против Вардар. Се чувствувам одлично, работам напорно и се надевам на добра сезона.
Што се однесува до утрешниот дуел, Татран е квалитетна екипа која во континуитет во последните неколку години игра одлични натпревари во СЕХА лигата. Се надеваме дека позитивно ќе започне сезоната за нас. Приоритет ни е да ја повториме сезоната од минатата година, имаме лош распоред на почетокот во ЛШ можеби нема да бидем комплетни против ПСЖ, а СЕХА лигата ќе ја искористиме за воигрување. Приматот на фаворит во македонското првенство ќе го препуштам на Вардар,  но сигурно нема да се предаваме и се надеваме дека ќе ја повториме  играта од минатата сезона.