Металург шампионски против Шафхаузен

Македонската публика беше навикната на победи против големите фаворити, пред Металург потклекнаа големата Барселона и францускиот гигнат ПСЖ, но состојбите кои се случија со тимот од Автокоманда не дадоа за право македонската публика да се надева на ново чудо во „Борис Трајковски“. Можеби Шафхаузен и не е ракометен гигант, но овој Металург дефинитивно беше Давид пред швајцарскиот Голијат. Затоа победата беше императив за оваа публиката во „Борис Трајковски“, за атмосферата во тимот, за радост кај оние кои предвреме се откажаа од некогашниот бренд „Металург“.
EHFcl-Metalurg-Kadetten-1380
По воведниот пораз, екипата на Металург на домашен терен го совлада швајцарскиот состав Кадетен Шафхаузен со 28-24 и ги запиша првите бодови во новиот формат на натпреварување. Ова е втор пораз за Кадетен, по воведниот на домашен терен против норвешкиот состав Елверум.
EHFcl-Metalurg-Kadetten-1423
Првите два погодока ги постигна капитенот Пешевски, гостите постигнаа еден, но металурзите возвратија со три погодоци во низа за одличен почеток од 5-1 по првите осум минути. Ракометарите на Кадетен во 17-та минута се доближија на негатива од два погодока, но тоа беше се што сторија гостите. На полувреме двете екипи заминаа со резултатот 15-11, а последниот погодок беше дело на Бојан Маџовски кој го постави конечниот резутат со звукот на сирената.
EHFcl-Metalurg-Kadetten-1402
По само една минута во вториот дел, Металург преку Костески ги создаде највисоките 5 голови разлика, 16-11. Разликата се одржуваше до 43 минута кога Томинец и Стојановиќ го вратија Шафхаузен на минус три. За среќа, тимот на Лино Червар ја одржуваше предноста, а Швајцарците немаа моќ за повеќе. Разликата на минута пред крај ги достигна највисоките пет погодоци 28-23, а Габор Часар со гол од пенал линијата ги постави конечните 28-24.
Најпрецизен во тимот од Автокоманда беше Божовиќ со осум погодоци, а по него следуваш Мраковчиќ со пет. Голем дел од заслугите за вечерашната победа имаше расположениот голман Дупљачанец. Кај гостите Часар постигна седум, а Кох четири.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ