Металург со 5- се враќа од Велење

Македонскиот вицепрвак Металург по сензационалната победа над шпанскиот вицепрвак во рамките на Лигата на шампионите, вечерва во Велење е поразен во рамките од СЕХА лигата со резултат 23-18.

Талески беше единствениот стрелец на Металург во првите 15 минути, на спротивната страната искусниот состав на Велење успеа да постигне дури шест голови за почетна предност од 6-1. Составот на Червар преку Кузмановски и дебитантот Илиќ се приближија на четири голови разлика, но тоа беше сè што можеа да направат младите металурзи. Двете екипи на пауза заминаа со конечен резултат 12-7.

По првите осум минути од вториот дел словенците имаа седум голови предност, кои до 47-та минута се зголемија до највисоките девет (21-12). Во последните 10 минути од дуелот скопската екипа успеа да го искористи опуштањето на домашната екипа и ја преполови разликата за конечни 23-18.

Во составот на Металург Талески, Дрогришки, Петров, Илиќ и Кузмановски постигнаа по три голови, додека Брумен со шест беше најпрецизен во составот на Горење Велење.