Металург со Червар ќе ги скротува „мечките“ во „Борис Трајковски“ в недела

После ЕХФ-неделата, Лино Червар се враќа во Скопје и в недела ќе биде на клупата на Металург на дуелот против Чеховски медведи во 6. коло од Лигата на шампионите. Од клубот информираат дека тој ќе биде покрај аут-линијата на овој важен натпревар и ќе помогне да биде повторен резултатот од првиот меч кога Металург ги освои бодовите на гостувањето во Русија.

Червар не беше дел од последните две гостувања во Украина и во Русија, но со оглед на тоа што сега ќе има празен простор и во ноември може да отсуствува од репрезентативните обврски за очекување е одново да биде дел од средбите на Металург. Со Лино на клупата Металург се надева на нови бодови против Чеховски и битка за втората позиција во групата.

Засега е познато дека тој ќе биде тука в недела, а дали ќе биде на клупата и на другите средби ќе биде договорено откако Лино ќе дојде во Скопје. Мечот против Чеховски медведи од 6. коло во Лигата на шампионите се игра на 5 ноември од 17 часот.