Металург со уште едно интернационално засилување: Брајовиќ две години во Автокоманда

Металург го промовираше седмиот играч кој ќе ја засили екипата на Лино Червар за наредната сезона. Се работи за бо­сан­скиот де­сен бек, Во­јис­лав Бра­јо­виќ (21) кој потпиша двегодишен договор со управата на ти­мот од Авто­ко­ман­да.

Бра­јо­виќ пристигнува од составот на словенечкиот клуб Марибор, а во својата кариера го носел дресот на бел­град­ска Цр­ве­на звез­да.

Со за­до­волс­тво ја при­фа­тив по­ка­на­та да дој­дам во Ма­ке­до­ни­ја и да би­дам дел од ти­мот што е ви­стин­ски рас­ад­ник на ре­пре­зен­та­тив­ци. Ту­ка сум са­мо не­кол­ку де­на, а ве­ќе се чув­ству­вам ка­ко дел од еки­па­та. Мом­ци­те од­лич­но ме при­фа­ти­ја и се на­де­вам де­ка цвр­сти­на­та, бор­бе­но­ста и жел­ба­та за по­бе­да ќе би­дат на­ша глав­на ка­ра­кте­ри­сти­ка во нат­пре­ва­ри­те од Ли­га­та на шам­пи­о­ни (ЛШ) и во Се­ха-ли­га­та. Осо­бе­но се ра­ду­вам на ра­бо­та­та со еден од нај­до­бри­те и нај­тро­феј­ни европ­ски и свет­ски тре­не­ри, Ли­но Чер­вар. Си­гу­рен де­ка по­крај ам­би­ци­о­зен тре­нер, со ви­зи­ја за ус­пех, мо­же са­мо да се на­пре­ду­ва, а тоа е на­ша за­ед­нич­ка цел“, за официјалниот сајт младиот Брајовиќ ги сподели првите впечатоци.

Со до­а­ѓа­ње­то на мла­ди­от Бра­јо­виќ, Чер­вар го комп­ле­ти­раше ти­мот кој во прет­стој­на­та се­зо­на ќе се натпреварува на три фронта, во македонскиот плеј-оф, СЕХА лигата и Лигата на шампионите.

Со до­а­ѓа­ње­то на Бра­јо­виќ ја комп­ле­ти­рав­ме дес­на­та бе­ков­ска по­зи­ци­ја ка­де што ве­ќе го има­ме Мар­тин Вел­ков­ски. Се­га мо­же­ме да поч­не­ме со гра­де­ње на на­ша­та игра и стра­те­ги­ски­те ва­ри­ја­ции со кои ќе про­ба­ме да ги из­не­на­ди­ме на­ши­те про­тив­ни­ци во нат­пре­ва­ри­те ЛШ и во Се­ха-ли­га­та. Осо­бе­но ме ра­ду­ва­ат ен­ту­зи­јаз­мот и жел­ба­та на игра­чи­те за ра­бо­та за вре­ме на тре­нин­зи­те. Се на­де­вам де­ка со та­ква жел­ба и елан ќе ги оди­гра­ме и нат­пре­ва­ри­те во го­ди­наш­на­та се­зо­на“, вели селекторот на сениорската репрезентација Ли­но Чер­вар.

Ме­та­лург досега ги обезбеди потписите на срп­ски­от гол­ман Дар­ко Ар­сиќ (27), срп­ски­от лев бек Не­ма­ња Обра­до­виќ (25), хр­ват­ско­то ле­во кри­ло Мар­тин Мар­чец (23) и со ма­ке­дон­ски­те бе­ко­ви, Дар­ко Ди­ми­тров­ски (23), Де­јан Пе­чен­ков­ски (28) и Сте­фан Дро­гри­шки (22).

ФОТО: www.rkmetalurg.mk