Металург со протестно писмо до ЕХФ поради Обрадовиќ

После објавувањето на скандалната одлука на ЕХФ во врска со случајот Обрадовиќ при што беше ослободен и му беше дозволено да потпише за Висла Плоцк, од Металург објавија протестно писмо.

„Сакаме да ве известиме дека нема крај на нашето разочарување. Премногу е големо и болно бидејќи сите знаеме дека сме апсолутно во право во случајот со Обрадовиќ. Дури и оние што ја донесоа оваа скандалозна одлука знаат за тоа.

Ние верувавме во правдата особено во спортската правда, но се покажа дека ние безнадежно се надевавме дека вистината ќе излезе на виделина бидејќи на крајот се покажа дека силата е присутна во спортот“ стоеше во писмото.

Меѓудругото од клубот прашуваат зошто вложуваат толку и имаат договори кога некој со ваква одлука лесно им дозволува на ракометарите да си заминат кога ќе посакаат.

„Што треба да се направи за клубовите да ги остварат своите права на најефикасен начин, кога одлуките се донесуваат на сила? Која е поентата за потпишување валидни договори за играчи кога на крајот се донесува ваква одлука? Дали ова значи дека сите играчи кои играат за Металург (и други клубови) сега се доведуваат во прашање и можат да бидат отфрлени во секое време и да можат да му се доделат на некого? Дали ова значи дека сме во вистинска опасност неколку дена пред отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите?“, стои во соопштението.