Металург со победа за самодоверба пред дерби дуелот против Вардар

Со натпреварот меѓу Работнички и Металург стартуваше четврттото коло од македонскиот плеј-оф. Во натпревар со очекуван расплет Металург нанижа нови три бода откако беше поуспешен од Работнички со 25-32.

Составот на Лино Червар уште од самиот почеток ја  најави победата. По 10 минути Металург имаше пет погодоци предност (2-7), кои до 23-та минута со погодокот на Пешевски достигнаа највисоки осум голови разлика (5-13). До крајот на првото полувреме, „романтичарите“ намалија дел од високата предност и на пауза заминаа со резултат 10-16.

MAK (rakomet) Metalurg-Rabotnicki 28.04.2016-4730

На почетокот на вториот дел ракометарите на Металург повторно ги достигнаа највисоките осум голови предност, а разликата се одржуваше до 50 минута. По една пресечена топка, Металург преку Јагуриновски за прв пат зголеми на девет погодоци (20-29), а Работнички успеа до крајот на мечот да компензира само два погодока. Точка на овој дуел стави Вања Илиќ кој беше прецизен од линијата за седум метри за конечни 25-32.

Костески и Бувиниќ постигнаа по осум голови за Металург, додека Илиќ со осум и Никола Маркоски со шест беа напрецизни кај Работнички.