Металург се рехабилитираше за поразот од Еурофарм Работник

Ракометарите на Металург предводени од Димитриоски и Мисовски денеска се изборија за победа од 32:26 на гостувањето кај Пролет со што успеаја да се рехабилитираат за поразот од Еурофарм Работник во четвртокот во Автокоманда.

Металург беше во водство во најголемиот дел од средбата. Резултатот беше неизвесен само неколку минути на стартот. Потоа Металург ја презеде иницијативата и дојде до плус два, 7:5, но домашните се вратија и одново имаа нерешен резултат. Последен пат водеа со 9:8, а потоа откако беше 10:10 следуваа четири гола од „металурзите“ за водство од 14:10.  Овие четири гола беа зачувани и за на одмор, па на паузата тимот на Металург имаше 16:12.

Вториот дел почна во ист стил како што завршо првото полувреме и Металург постојано ја чувашре предноста. Беше во водство од 4-5 гола разлика, но не успеа да направи нешто повеќе . Домашните се одржуваа во пристојна негатива, но не можеа да се доближат 20 минути. Се грешеше и на едната и на другата страна, па немаше простор за многу голови. Оттаму и немаше пресврти туку мирна игра, па затоа и до почетокот на последните десет минути разликата остана четири или пет гола во корист на Металург.

Финишот донесе малку возбудување и Пролет намали на 26:28. Стигна до два гола негатива, а потоа следуваа осум минути без гол од домашните и четири на Металург за триумф од шест погодоци.

Ова беше мало враќање во ритам после загубениот меч од Еурофарм Работник, а дефинитвино е јасно дека екипата продолжува без тренерот кој ја водеше од стартот на сезоната.

ПРОЛЕТ – МЕТАЛУРГ    26:32 (12:16)

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Гледачи: 400. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

ПРОЛЕТ: Кимевски, Коруновски, Кристо. Ф. Василевски 3, Аларов 4, Јовчевски, Давитковски, А. Василевски 1, Ролевски 1, Трајковски, Андоновски 5, Џонов 4, Мајнов 4, Дамчевски, Стојановски, Манасков 4.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 10 мин.

МЕТАЛУРГ: Дупјачанец, Томовски 1, Даниловски, Јагуриновски 1, Лазаровски 3, Димитриоски 4, Токиќ 3, Шилегов 3, Танкоски 5, Серафимов 3, Шпенде 5, Пучник 2, Миличевиќ 1, Маџовски 1, Стојановиќ, Арсеновски.

Седмерци: 6/7, Исклучувања: 10 мин.