Металург се поднови со брендиран автобус и замина на Копаоник (ФОТО)

Тимот на Металург, комплетиран со новото засилување од Грузија – Иракли Кбилашвили, замина на висински подготовки на Копаоник.

Избраниците на тренерот Дамир Стојановиќ ќе останат една седмица, од 6 до 13 август, пред да следува враќањето во Скопје и последните тренинзи пред заминувањето за Русија, каде ќе настапат на турнирот во Чехов.

Металурзи за Копаоник заминаа со новиот брендиран автобус, на кој се одбележани сите титули што ги има освоено тимот од Автокоманда.