Металург се засилува: Новo трио пристигнува во Металург!

РК Металург објави дека тројца нови ракометари ќе пристигнат во Автокоманда. Дамир Ефендиќ-голман (25 г,195 см,88 кг) во Автокоманда пристигнува од екипата на Босна од Сараево. Ефендиќ потпишал договор до јуни 2015, со можност за птодолжување.
Второто засилување е Ѓорѓе Голубовиќ (23г, 192см,81кг), ракометар кој настапува на позициите десен бек и десно крило, а во Металург доаѓа од шпанската Асобал лига, каде настапуваше за екипата на Хихон. Партизан, Адемар Леон и Чургу се останатите тимови во кои има србинот има настапувано во текот на својата кариера. И договорот на Голубовиќ е до јуни 2015 со можност за продолжување на соработката.
И третото засилување е Драган Вргоч (24 г, 204 см,124 кг)-ракометар кој настапува на пикерската позиција, а пред да го облече дресот на Металург настапуваше во екипата на Атлас од Финска. Покрај Финска, во својата кариера има настапувано и за екипата на Сплит. Договорот исто како и на претходните двајца ракометари е потпишан до јуни 2015 со можност за продолжување на соработката.

РК Металург во понеделник треба да ги добие лиценците за овие ракометари по што тие ќе можат да се стават на располагање на тимот.

фото:www.rkmetalurg.mk