Металург се засили на голманската позиција

Српскиот голман Милош Вуковиќ (25) е најновото засилување за екипата на Металург. Вуковиќ потпиша двегодишен договор со тимот од Автокоманда, а во Скопје пристигнува од второпласираниот тим во српското првенство и учесник во Сеха лигата, екипата на Спартак Војпут.

МИЛОШ ВУКОВИЌ

“Огромно е задоволството и голема чест да се настапува во клуб со толку големо име и долга историја, предводен од фантастичен тренер, каков што е Лино Червар. Сакам да го оправдам мојот ангажман во Металург, да стекнам стабилност на теренот и да допринесам за што подобри резултати на клубот во наредната сезона” – изјави Вуковиќ за клупскиот сајт на РК Металург.

Вуковиќ е шесто засилување за Металург, кој досега ги ангажираше Јанко Божовиќ (десен бек), Марко Матиќ(лев бек), Константин Петров(пикер), и голманите Даниел Дупјачанец и Антонио Пешевски.