Металург рутински до победа: Пролет имаше сили за петнаесет минути! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во натпревар од петтото коло во Супер лигата, македонскиот шампион Металург во Автокоманда го совлада Тинекс Пролет со убедливи 32-20.
По изненадувачките 0-2 на почетокот на натпреварот за екипата на Иле Темелковски, ракометарите на Металург чекаа до осма минута за првото израмнување на 4-4. Веќе во следниот напад Борјан Маџовски го донесе првото водство за домаќините. Со серија од 4-0 која започна од 15-та минута Металурзите ја создадоа првата посериозна предност од четири разлика 9-5. Средината на првиот дел беше пресудна за победникот на натпреварот. Највисоката разлика во полувремето „сино-белите“ ја имаа во 29-та минута, 16-10. На пауза се замина со резултат 16-11.
Второто полувреме започна со седум голови на Металург, а само еден на спротивната страна за 23-12 по седум минути игра. Формалниот крај помина во изедначена игра, а по шеесет минути игра натпреварот заврши со резултат 32-20 за највисоката разлика на натпреварот од дванаесет голови.
Најпрецизени на натпреварот беа Дарко Џуќиќ за Металург и Ласко Андоновски за Тинекс Пролет, двајцата со по седум голови.

[Best_Wordpress_Gallery id=”102″ gal_title=”Metalurg-TineksProlet 12.05.2015″]

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ