Металург продолжува да „гази“, Вардар Јуниор му го нанесе вториот пораз на Работнички (ВИДЕО)

Во македонската ракометна Супер лига на програмата беше осмото коло. Во заостанатиот натпревар Металург ја продолжи својата доминација совладувајки го Пелистер сред Битола со резултат 19-27, со што стигна до седмиот триумф во седмиот натпревар. Во скопскиот дуел на „Кале“, Вардар Јуниор во неизвесна завршница му го нанесе вториот пораз на Работнички со резултат 26-25. Радовишани на гостувањето во Велес го запишаа својот петти триумф во првенството кој беше остварен со резултат 25-32.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Прилеп-Металург 27-32
Металург 2 -Пелистер 20-26
Пролет-Охрид 20-24

Најинтересните моменти од 8.коло на Македонската ракометна Супер лига погледнете ги на видеото подоле