Металург преку Натурхаус, Монпелје и Медведи ќе брка осминафинале во ЛШ

Седиштето на Селект беше местото од каде ЕХФ ги одреди групите од „Б-дивизијата“ на Лигата на шампионите во која ќе се натпреварува македонскиот вицепрвак Металург. Тимот од Автокоманда ќе има тешка задача да освои едно од првите две места кои водат до 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Металург е во група Ц каде покрај Натурхаус Ла Риоха ќе се натпреваруваат и Чековски Медведи и Монпелје.

Во група Ц се најдоа имињата на следниве екипи Натурхаус Ла риоха, Металург, Чековски Медведи, Монпелје, Елверум и квалификант од група 1.

Во групата Д пак ќе настапуваат Нант, Холстебро, Мотор Запорожје, Бешикташ, Динамо Букурешт, квалификант од група 2.

Првите дуели од групите Ц и Д во Лигата на шампионите се закажани за крајот на септември(21-26 септември)