Металург прв финалист во Купот на Македонија

Со натпреварот меѓу Металург и Пролет започна полуфиналниот ден во Купот на Македонија. По првенствениот дуел кој Металург убедливо го доби пред своите навивачи пред два дена, овојпат во СРЦ Кале потешко од очекувањата тимот од Автокоманда се пласираше во ново куп-финале.
FLP_2910-2
Бувиниќ го отвори резултатот за почетно водство на “сино-белите”, Славиша Димитриевски изедначи. Во такво темпо продолжи натпреварот, Металург го диктираше резултатот но немаше сила да се одалечи на пристојна предност. Во 25-та минута, Војводиќ ја започна серијата на металурзите од три погодоци во низа за 7-10. Но ракометарите од Автокоманда тука застанаа и дозволија на екипата на Пролет со два гола во низа да замине на полувреме со минимална негатива од 9-10.Почетокот на вториот дел го одбележа ефикасен и неизвесен ракомет. Ракометарите на Пролет ја одржуваа минималната негатива до 45-та минута. Шест минути им беа потребни на ракометарите на Металург да го одлучат победникот на овој натпревар. Со серија од пет голови во низа екипата на Лино Червар се оддалечи на +6, за 15-21 во 53-та минута.
FLP_2955-2
Последните седум минути на натпреварот им припаднаа на ракометарите од Пролет кои успеаа да намалат дел од високата предност на Металург за 20-23 во последната минута од натпреварот. Филип Талески стави точка на овој дуел за конечни 20-24.
FLP_2932-2
Најпрецизен на теренот беше Славиша Димитриевски со седум погодоци, во победничката екипа Дарко Џуќиќ постигна пет голови.
FLP_2918-2
Голманот на Тинекс Пролет, Кимевски имаше 11 успешни интервенции кои не беа доволни за конечна победа, на спротивната страна Ефендриќ имаше десет успешни интервенции од нив три од линијата за седум метри.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ