Металург прв до завршниот турнир во Купот на Македонија: Радовиш лесна задача за македонскиот шампион!

Спортската сала во Автокоманда денес беше домаќин на една од четирите четвртфинални групи од Купот на Македонија. Освен домаќинот Металург учествуваа екипите на Феникс, Радовиш и Текстилец.
Во првото полуфинале македонскиот шампион беше убедлив и со постигнати 53 голови го декласираше битолскиот состав на Феникс. Во второто полуфинале Радовиш беше поуспешен од Текстилец и со резултат 34-21 се пласираше во финалето.
Металург 31-23 Радовиш (15-11)
Илиев го отвори резутатот за првото и единствено водство на гостите, Џукиќ Неловски и Војводиќ го одведоа Металург на +2 во 5-та минута. Дарко Џукиќ ги постави највисоките пет голови предност 14-9. До крај на полувремето Радовиш преку Илиев намали еден погодок за конечни 15-11 по првите триесет минути.
FLP_3396
Одличниот старт на Металург во второто полувреме и првите шест голови предност по пет одиграни минути го најавија крајот на надежите на Радовишани. Металург продолжи со својата игра, го одржуваше водството кое го создаде во првиот дел, а во последниот период од мечот имаше и девет голови разлика 30-21. По шеесет одиграни минути Металург обезбеди пласман меѓу најдобрите четири екипи во Купот на Македонија со резултат 31-23.
FLP_3384
Најпрецизни во екипат на Металург беа Дарко Џукиќ со седум и Неловски со пет погодоци, во редовите на Радовиш најдобар поединец беше Илиев со тринаесет голови.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ