Металург по титулата на „Струга 2016“, Пелистер и Работник во дуел за избегнување на последното место

Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2016“ дојде до својот финален ден. По одиграни шест натпревари во групната фаза, познати се сите двојки во натпреварите за пласман. Ракометниот ден ќе започне со првото дерби меѓу градските ривали Пелистер и Работник од Битола. Амбициозниот проект на новиот суперлигаш ќе му се спротивстави на некогаш моќното име во ракометна Европа, составот на Пелистер кој од оваа сезона го предводи Касим Каменица.

Третиот македонски претставник, екипата на Металург повторно ќе се бори за титулата најдобар на струшкиот турнир, а за противник ќе ја има екипата на француски Шарт.

Според распоредот, на ракометното игралиште на „Женска Плажа“ во Струга во натпреварите за пласман ќе се сретнат:

20.08.2016

18:00 Пелистер(МКД)- Работник(МКД)                            *натпревар за 5-та позиција

19:45 Алингсас (ШВЕ) – Стеауа Букурешт (РОМ)           *натпревар за 3-та позција

21:45 Металург Скопје (МКД) – Шарт (ФРА)                    *Финале