Металург почнува преговори со неколку еминентни тренери

Екипата на Металург после освојувањето на Купот на Македонија стартува со подготовките за следната сезона. Трофејот обврзува, а претседателката Зорица Блажевска најавува дека Металург ќе биде и понатаму силен и дека ќе има тим кој ќе може достојно да ја претставува Македонија во Купот на ЕХФ, но можеби и во Лигата на шампионите.

„Во текот на оваа недела ќе почнеме преговори со неколку еминентни тренери. Што се однесува до ракометарите дел од ракометарите кои имаат веќе најдено ангажмани нема да имаат пречки за да си заминат. На крилјата на оние играчи кои остануваат засилени со уште неколку други  и еден солиден тренер следната сезона ќе атакуваме на шампионската титула и се надевам дека ќе ја претставиме државата и клубот во Купот на ЕХФ. Во зависност од можностите ништо нема да биде изненадувачки, па може да бидеме одново и во Лигата на шампионите“, рече Блажевска за 24 Ракомет.

Засега нема откривање на имињата на тренерите кои се во комбинација за клупата на Металург, но извесно е дека ќе се работи за искусен стратег.