Металург поразен од Ла Риоха

Металург на гостувањето во Логроњо против Ла Риоха ја бараше својата прва победа во овогодинешното издание во Лига на шампионите. Металург  одлично го почна натпреварот со расположените Филип Миркуловски и Ренато Вугринец.
Иако екипата од “Автокоманда” во еден момент имаше и три негатива 12-9, со одличните одбрани на Никола Митревски и погодоците на Вугринец и Димовски дојде до изедначување 12-12. Првото полувреме заврши изедначено 13-13. По 30 минути игра во составот на Металург само тројца ракометари се запишаа во листата на стрелци.

Во второто полувреме домашните ракометари го зголемија водството плус два 16-14 во 35 минута. Одличната игра на Ла Риоха продолжи и во останатите минути од натпреварот кога со головите на бразилецот Сантос стигнаа до плус три 19-16. Грешките на двете екипи продолжија да се редат, Ла Риоха од сета ситуација повторно го врати водството од три разлика 21-18 во 45 минута. Во останатиот дел од натпреварот Металург се повеќе почна да тоне, разликата на домашниот тим се зголемуваше од минута во минута. Во последните минути Металург ја намали негативата за конечни 31:27.

Најефикасен во Металург беше Филип Миркуловски со осум погодоци, по шест постигнаа Наумче Мојсовски и Ренато Вугринец.