МЕТАЛУРГ ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ!

Македонскиот ракометен вицешампион повторно ќе биде дел од најквалитетното ракометно наттпреварување-Лигата на шампионите. Европската ракометна федерација одговори потврдно на барањето на Металург, со што Македонија повторно ќе има два преставника во Лигата на шампионите.

Лс

Послабиот рејтинг го фрла Металург во послабиот дел на Лигата на шампионите во друштво на Динамо Букурешт, Бешикташ, Холстебро,Елверум,Чеховски Медведи, Ла Риоха, Нант, Монпелје, и плус две екипи кои ќе обезбедат место преку квалификациите.

Ова несомнено е одличен потег пред се за македонскиот ракомет, бидејки голем број на млади македонски ракометари кои настапуваат во Металург ќе добијат нова можност за настап во најквалитетното ракометно натпреварување.