Металург пак со минимален пораз: Битолчанки не даваат бодови во „Младост“

После загубениот меч против Вардар јуниор, ракометарките на Металург претрпеа минимален пораз и од екипата на Пелистер. И овој пат како гости беа поразени со 20:21 така што трите бода останаа за битолчанки кои со ова го комплетираа второто коло во Супер женската лига.

Домашните беа во предност во текот на целата средба. Поведоа со 6:0 уште на стартот и долго ја одржуваа оваа предност и беа сигурно во победата. Металург до крајот на првиот дел намали на 10:6, но повеќе од ова не можеше во првите 30 минути.

На почетокот на вториот дел предноста одново се искачи на шест гола, но потоа гостинките заиграа нешто подобро и почнаа да ја топат негативата. Сепак, најмногу стигнаа до еден гол разлика. Не успеаја ниту еднаш да израмнат така што не можеа да сторат ништо повеќе од ова на овој натпревар.

Три минути пред крајот од дуелот Тасевска намали на 20:19, но Величковска безо ги врати двата гола позитива. Ангеловска ги постави конечните 21:20, а шансите за нешто повеќе и на двете страни во последните 120 секунди не беа искористени така што остана резултатот постигнат после 58 минути од играта.

ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ               21:20 (10:6)

Сала: „Младост“ во Битола. Гледачи: 1000. Судии: Никола Пауноски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

ПЕЛИСТЕР: Пецовска, Павловска, Бошевска, Каранфиловска 4, Дабевска 1, Милосављевиќ, Раиф, Каковска, Талевска 4, Дурланова, Стојмановска 1, Димитриева 1, Белевска 1, Јанкуловска 4, Величковска 5.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 14 мин.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Гугуљанова, Владева, Глигорјадис 2, Божиновска 2, Тасевска 5, Кркачева, Алексоска, Дамчевска, Калајџиевска 4, Граматова 1, Ангеловска 2, Стефановска 2, Гајиќ 2, Брунчевиќ.

Седмерци: 1/4, Исклучувања: 8 мин.