Металург оди на жежок терен: Мотор покажува сила и супериорност

Следниот противник на Металург во Лигата на шампионите, Мотор забележа висока победа во првенството на Украина против ЗТР Буревесник со 40:26 и на тој начин најави атак на триумф и на мечот од најсилниот европски куп.

Мотор доминираше во текот на целиот меч, а победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање. Прв стрелец со седум гола беше Кубатко, додека зад него со по пет останаа Шевелев и Шинкељ. Голманите имаа висок процент на одбранети удари, а тројцата беа над 30 проценти успешност.

Ова е најава за тешко гостување на Металург во Запорожје така што ќе биде тешко да се освојат бодови на овој дуел.