Металург немаше решение за Монпелје

Македонскиот вицепрвак во рамките на шестото коло од Лигата на шампионите во спортскиот центар „Борис Трајковски“ го забележа четвртиот пораз оваа сезона, овојпат од најсериозниот противник составот на Монпелје со 24-30.

metmonp-4

Младите ракометари на Металург по почетните 0-2 успеаа да се вратат во игра и со солидна одбрана и неколку добри решенија во нападот во 11-та минута да го превземат водството за 4-3. Продолжението на натпреварот измина во неизвесна и изедначена борба се до 20-та минута. Французите го прочитаа нападот на Металург и ударите на Талески беа лесна задача за голманот Жерард, а потоа Червар се одлучи да го замени Талески со Дрогришки што се покажа како погрешен потег. Металург за момент го загуби чекорот со Монпелје и во 22-та минута имаше негатива од два погодока, која Обрадовиќ и Илиќ повторно ја неутрализираа.

metmonp

Во последните седум минути од првиот дел во игра кај Монпелје влезе францускиот репрезентатвец Валентин Порт кој се покажа како клучен играч во финишот на првиот дел. Конфузната игра во нападот на „сино-белите“ им овозможи на французите да заминат со четири разлика на полувреме, со конечни 10-14.

metmonp-3

Во ист ритам започна и вториот дел. Метлалург преку Обрадовиќ прв постигна погодок, гостинскиот тим веднаш возврати, но изедначената игра траеше само четири минути. Пад на концентрација, ризични додавања, одбраната на противникот и голманот Жерард влијаеа за Монпелје по седум минути игра во вториот дел да има седум голови разлика. Кога веќе сите ја видоа репризата од Франција, Металург предводен од расположениот Обрадовиќ успеа да ја намали високата разлика на само три голови (19-22 Кузмановски 46′).  Тоа беше се што можеа да направат домаќините на овој дуел. Расположениот француски репрезентативец Гребил го предводеше својот тим до нова победа во елитното натпреварување. Последен пат Металург на три разлика беше во 49та минута, кога Монпелје со низа од три гола повторно востостави рамнотежа во својата игра и го одржуваше високото водство на пет разлика до самиот крај. По шеесет одиграни минути Монпелје ги однесе бодовите од Скопје со конечен резлутат 24-30.

metmonp-9

Најпрецизен во составот на Металург беше Немања Обрадовиќ со 10 голови, Илиќ постигна четири, а Пешевски и Кузмановски по три. Нападот на Монпелје го предводеше Метју Гребил со 10 погодоци, а Доленец постигна шест.