Металург немаше милост за шампионот Вардар

Ракометарките на Металург славеа во првото коло од разигрувањето за титулата против актуелниот шампион Вардар со убедливи 32-21.

Домаќинките на овој натпревар беа фаворити пред стартот, а тоа и го докажаа на теренот. Гостинките поведоа со 0-1, а потоа се беше во знакот на девојките предводени од Јулијана Дамчевска.

Водеа домашните со пет голови разлика во првиот дел, 9-4, но до паузата вардарки намалија на пристојни 13-11. Сепак избраничките на Симе Симовски немаа шанси во вториот дел поради расположените домаќинки.

Поранешната вардарка Гичевска го полнеше голот на некогашните колешки и на крајот Металург победи убедливо со 32-21. Најдобри кај домашниот тим беа Гичевска и Тасевска со по седум голови, а кај Вардар се истакна Седлоска со пет погодоци.