Металург на маки: Кузмановски се здоби со повреда!

Македонскиот вицепрвак во наредниот период ќе продолжи без македонскиот репрезентативен бек Филип Кузмановски, кој денес на натпреварот меѓу Металург и Татран Прешов заработи повреда на дланката.

При еден дуел во одбраната на Метлаург, Кузмановски лошо се приземји и заврши со напукнување на дланката на шутерската рака. Македонскиот репрезентативец го напушти теренот и веднаш замина на подетални испитувања кои треба да покажат колкава пауза го очекува. Првичните информации говорат дека се работи за скршеници на две помали коски на шаката, за кои треба одреден период пауза.

Филип Кузмановски покрај обврските со својот клуб во Лигата на шампионите и СЕХА лигата се очекува да ја предводи македонската репрезентација на Светското првенство 2017, но оваа повреда сигурно ќе го доведе во прашање неговиот настап на мундијалот во Франција.