Металург моќно и сигурно против Работнички

Последниот дуел од второто коло во македонската Супер лига заврши со убедлива победа на Металург во Автокоманда 28-15 (10-5). Работнички одигра добро во одбраната, но црвените имаа сериозни проблеми во нападот, и во оние моменти кога успеваа да ја пробијат одбраната на Металург, Дупјанчанец беше сигурен на голот.
MAK-Metalurg-Rabotnicki-2634
Немања Марсениќ го отвори резултатот за единственото водство на Работинички на овој дуел. Од втората минута гостите до 19-та минута неуспеаа да го совладаат Дупјанчанец, а тоа резултираше со серија од седум голови во низа за домаќините и резултат 7-1 во 21-та минута. Во 23-та минута, при контра-напад на домаќините, НиколаМарковски во трк го фаулираше Филип Кузмановски и заработи директен црвен картон. Металург благодарение на Јанко Божовиќ успеваше од надворешните линии со прецизни удари да ги реализира своите напади, а брзите контра-напади им овозможија сигурна предност од пет погодоци по првото полувреме. Работнички по истекот на првите триесет минути заостануваше шест голови, но Александар Василевски го реализираше слободниот удар од десет метри и ги постави конечните 10-5 по првиот дел.
MAK-Metalurg-Rabotnicki-2607
Тимот од Автокоманда, вториот дел го започна со серија од 3-0 за осум погодоци предност по 32 минути игра. Металурзите ја одржуваа разликата до 44-та минута кога Костески за прв пат на натпреварот донесе двоцифрена предност од 19-9. Сините го контролираа резултатот до крајот на натпреварот, а највисоката разлика ја имаа во 55-та минута при резултат 26-12. По шеесет одиграни минути, Металург дојде до нови два бода во македонскиот шампионат со конечени 28-15.
Најпрецизни во екипата на Металург беа Јанко Божовиќ и Никола Костески со по шест голови, додека кај Работнички Александар Василевски постигна пет.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ