Металург лесно против Феникс: Костески броеше до 21

Екипата на Металург на свој терен во ,, Автокоманда” го пречека Феникс од Битола во осминафиналниот натпревар од Купот на Македонија. Металург во текот на целиот натпревар многу лесно постигнуваше голови во мрежата на Феникс за натпреварот да заврши со високи 53:14 (29:5) во нивна корист. Неверојатен натпревар изиграа Никола Костески и Бојан Маџовски, Костески постигна 21 додека Бојан Маџовски 16 погодоци. Во составот на Феникс најефикасни со по четири погодоци беа Талевски и Ристевски.

Металург – Феникс  53:14 (29:5)

Металург: Ефендиќ, Мисовски, Митревски, Голубовиќ 3, Бој.Маџовски 16, Костески 21, Манасков 1, Нелоски 5, Крстевски, Борј.Маџовски 1, Талески 5 и Вргоч 1.      Седмерци: 2/2.       Исклучувања: 2 минути.

Феникс: Ангеловски, Ѓорѓиоски, Митрески, Талевски 4, Маневски, Бошевски 2, Ристевски 4, Исијановски 3 и Тасески 1.      Седмерци: 1/2.       Исклучувања: 4 минути.