МЕТАЛУРГ ИСПУШТИ БОД ВО РОМАНИЈА

Ракометарите на Металург по несреќниот пораз во Данска минатиот викенд, повторно се поразени во драматична завршница. Екипата на Баја Маре успеа да го совлада тимот на Лино Червар со резултат 21-20 (10-9) забележувајки ја втората победа во ЕХФ Велукс Лигата на шампионите.

Романците го диктираа темпото на натпреварот, имајки константна предност помеѓу два и три погодоци. Највисоките три позитива за романците ги донесе Бера за 8-5 во 23.минута. Металург до крајот на првиот дел прими два а успеа да постигне четири погодоци што беше доволно на полувреме да замнине со негатива од само еден гол, 10-9.

Со двата погодоци на Божовиќ Металург одржуваше егал на почетокот на вториот дел, но романците повторно одговорија со серија од 3-0 и преку Иванчик дојдоа во водство од 14-11 во 36.минута. Баја Маре успеваше да ја одржува оваа позитива до пред самиот крај на натпреварот кога металурзите успеаа да се изборат за шанса да стигнат до поволен резултат. Бојан Маџовски неколкупати имаше избрзани обиди за реализација, но Дупјачанец со одлични три интервенции во серија му даде последна можност на својот тим да стигне до реми.Божовиќ со два проектила го доближи Металург на минимална негатива. На трисетина секунди до крајот Металург тргна во напад за израмнување но беше направена техничка грешка по која пропаднаа сите надежи за поволен резултат на овој натпревар. На крајот конечниот резултат гласеше 21-20 за нов несреќен пораз за тимот од Автокоманда.

Најпрецизен во составот на Металург беше Јанко Божовиќ со осум голови, а Матиќ беше стрелец на четири. Кај домашната екипа Иванчик постигна шест гола.