Металург изигра 60 минути, но Железничар си замина со бодовите

Ракометарите на Металург конечно одиграа една средба на еднакво ниво во сите 60 минути, но повторно не успеаја да победат. Загубија на домашен терен во 6. коло од СЕХА-лигата од тимот на Железничар со 29:30 и на тој начин и понатаму останаа на последното место на табелата. Иако момците се бореа до последната минута, сепак, не успеаја да издржат и

Почетокот беше израмнет. Металург тргна со погодок на Мартин Серафимов од седум метри, а Железничар успеваше да израмнува во првите неколку напади. При 3:3 дојде до смена на улогите, па Металург влезе во период во кој мораше да ја неутрализира предноста на противникот. Не одеше најдобро, но 15. минута од мечот се издржа до резултат 8:8.

Тука дојде до првото водство на еден тим од три гола разлика. Металург немаше пет минути погодок, а тоа донесе 8:11 по што беше тешко да се следи. Неколку грешки во нападот придонесоа Железничар да стигне до предност која ја чуваше без поголеми проблеми.

Иако Металург успеа да се врати одново до гол негатива, никако не успеваше да израмни. Редовно противникот од Ниш го диктираше темпото и брзо се враќаше на плус три. Железничар имаше и плус четири при 12:16, но Танкоски успеа да погоди во акцијата по која директен црвен картон заработи Предраг Вејин. На одмор беше 13:16, резултат кој не даваше многу надежи во продолжение од средбата иако беше уште активен.

За осум минути игра во продолжението од натпреварот Железничар отиде на плус шест, 16:22 и веќе имаше резултат кој му даваше можност за мирно продолжение од натпреварот. Сепак, неколку одбрани на Томовски и поцврстата одбрана дадоа нова надеж. На средина од полувремето дојде до 22:24 и почнаа нови возбудувања на теренот.

И покрај тоа разликата постојано се движеше меѓу два и три кола. Металург никако не успеваше да дојде на гол негатива. Дури и кога се случуваше зицер ситуација имаше одбрана од голманот Стошиќ, па не можеше да се направи потребниот чекор за пресврт во мечот.

МЕТАЛУРГ – ЖЕЛЕЗНИЧАР       29:30 (13:16)

МЕТАЛУРГ: Томовски 0/1 (11 одб.), Даниловски, Јагуриновски, Јагањац 5/10, Лазаревски, Димитриоски 2/3, Токиќ 4/5, Танкоски 4/8, Серафимов 9/10, Младеновиќ, Велковски 1/2, Миличевиќ 1/1, Додиќ, Маџовски 0/1, Стојановиќ 2/2, Арсеновски 1/1.

Седмерци: 9/9, Исклучувања: 6 мин.

ЖЕЛЕЗНИЧАР: Михаљевиќ (5 одб.), Стошиќ (5 одб.), Лазиќ, Миловановиќ 1/3, Поткоњак, Сретеновиќ 3/8, Маџар, Вејин 8/9, Милосављевиќ 0/1, Живковиќ 4/6, Спасиќ 6/7, Марковиќ 2/3, Јевтиќ 2/2, Дамјановиќ 1/1, Кљајиќ 2/4, Павловиќ.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 6 мин.