Металург игра добро, има реми на пауза против Бешикташ

Ракометарите на Металург играат солидно во првото полувреме на гостувањето кај турскиот шампион Бешикташ во натпреварот од осмото коло во Лигата на шампионите.

Првите десетина минути се играше гол за гол до 4-4. Потоа Бешикташ се одлепи на 6-4 преку Доне и Демирезен, а водеа домашните и со 9-6. Но металурзите се разбудија на време за да го направат натпреварот интересен и не дозволија да отиде во непосакуван правец.

Ја стегнаа одбраната, Томовски фати две топки и тимот од Автокоманда направи комплетен пресврт со погодоците од контри и поведе со 9-10. Тоа беше знак за домашните да побараат минута одмор, па потоа израмнија од пенал 10-10.

Потоа беше 11-11, а на триесетина секунди до крајот, Доне погоди за домашно водство. Брестовац повика тајм-аут, беше договорена акција но немаше реализација. Сепак Токиќ искористи една домашна грешка и од далечина ги постави конечните 12-12 на пауза.