Металург го чека Обрадовиќ, а тој веќе тренира со Висла Плоцк (ФОТО+ВИДЕО)

Еден од најдобрите играчи минатата сезона во редовите на македонскиот вицепрвак, Немања Обрадовиќ, веќе е во Полска и ги започна подготовките со Висла Плоцк. Иако Металург упати покана кон него за да се јави на стартот на подготовките за новата сезона на 3 август, очигледно е дека Србинот нема намера да се враќа во Скопје.

Металург смета дека Обрадовиќ има договор уште една година и не сака да се откаже од неговите услуги без да добие оштета. Србинот поинаку го толкува првично потпишаниот договор на една плус една сезона, па двете страни не попуштаат во својот став.

Со полскиот тим првично не падна договор за оштета, па веројатно случајов ќе го преземе Арбитражната комисија на ЕХФ, која ќе одлучи кој е во прво. Во меѓувреме српскиот репрезентативец почна да ги одработува подготовките со полскиот тим. Висла Плоцк е во група со европскиот шампион Вардар и ќе ја има честа прва да игра против него во новата сезона.