Металург ги става во погон своите ракометни бисери: Талески и Нелоски ги потпишаа своите први професионални договори!

Екипата на Металург полека започнува да го чуствува плодот од својата работа со младите категории во изминативе години. Денес двата македонски ракометни бисери пред кои престои светла иднина ги потпишаа своите први професионални договори, и во наредните четири години ќе настапуваат за првиот тим на Металург.

Талески пристигна во Металург пред 5 години поминувајќи ги сите категории на овој клуб. Минатата сезона доби шанса и на неколку натпревари во А тимот на Металург, а своите извонредни настапи беше еден од најзаслужните за пласманот на кадетската и младинската репрезентација на големите натпреварувања. Импресивните настапи во младинските селекции беа карта за повикот од селекторот Обрван во А селекцијата на Македонија, чие деби го имаше на бараж дуелот против репрезентацијата на Грција.

www.rkmetalur.mk

Филип Талески:

Денешниот ден за мене е еден од најзначајните во животот, го потпишав својот пρв пρофесионален договоρ и пρесρеќен сум што ќе имам можност да учам од најдобρите маκедонсκи ρаκометаρи и, сеκаκо, од шефот на стручниот штаб, Лино Чеρваρ. Конечно ми се исполни долгогодишниот сон – да заиграм за првиот тим на Металург, кој го сметам за еден од најдобрите клубови во Европа.

И Марко Нелоски има сличен пат како Талески. Играше во кадетскиот и младинскиот тим на Металург, по што следуваше настап во Металург Јуниор. Нелоски имаше пех да заработи потешка повреда, па целата измината сезона ја помина во рехабилитација. Но тешкиот период е зад него, и оваа сезона влегува потполно подготвен за предизвиците кои го очекуваат во А тимот на Металург.

www.rkmetalur.mk

Марко Нелоски:

Долго го чеκав овој ден, да добијам шанса да тρениρам во еден висоκо пρофесионален клуб каков што е Металург, во кој настапуваат најдобрите македонски ракометари. Пρед мене е голем пρедизвик, но јас сум подготвен да одговоρам на се. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата на тренерот Лино Червар и на управата на клубот, се надевам дека ќе успеам целосно да се реализирам и во една таква средина.