Металург во сабота, а Вардар во недела ќе ја започне новата приказна во Лигата на шампионите

Во пресрет на новата сезона на Лигата на шампионите, ЕХФ ги објави саатниците за првите пет кола од групната фаза на елитното натпреварување. Металург ќе ја има честа прв да ја отвори новата европска сезона меѓу македонските претставниците. Во сабота на 16ти септември ќе има тешко гостување во Франција кај Монпелје. Европскиот шампион одбраната на титулата ќе ја стартува од Полска, на гостувањето кај Висла Плоцк, дуелот е закажан за 17 септември од 19 часот.

Во продолжение можете да ги погледнете саатниците и распоредот на натпревари за македонските претставници во првите пет кола од Лигата на шампионите.

ПРВО КОЛО

Сабота, 16.09.2017
17:30 часот, Група D
Монпелје vs РК Металург
Палата на Спортовите Рене Буњол (Монпелје, ФРА)

Недела, 17.09.2017
19:00 часот, Група А
Орлен Висла Плоцк vs РК Вардар
ОРЛЕН Арена (Плоцк, ПОЛ)

ВТОРО КОЛО

Сабота, 23.09.2017
17:30 часот, Група А
РК Вардар vs ХБЦ Нант
СЦ Јане Сандански (Скопје, МКД)

Недела, 24.09.2017
17:00 часот, Група D
РК Металург vs Бешикташ Могаз ХТ
Борис Трајковски (Скопје, МКД)

ТРЕТО КОЛО

Сабота, 30.09.2017
17:30 часот, Група D
РК Металург vs Квалификант 1
Борис Трајковски (Скопје, МКД)

Недела, 01.10.2017
17:00 часот, Група А
РК Вардар vs РК ППД Загреб
СЦ Јане Сандански (Скопје, МКД)

ЧЕТВРТО КОЛО

Сабота, 07.10.2017
17:30 часот, Група A
МОЛ-Пик Сегед vs РК Вардар
Вароши Спортчарнок (Сегед, УНГ)

Недела, 08.10.2017
16:00 часот, Група D
РК Мотор Запорожје vs РК Металург
Спортска палата Локомотив (Харкив, УКР)

ПЕТТО КОЛО

Сабота, 14.10.2017
16:00 часот, Група D
Чековски Медведи vs РК Металург
Спортска сала “Олимписки” (Чеков, РУС)

Сабота, 14.10.2017
17:30 часот, Група А
РК Вардар vs ФК Барселона Ласа
СЦ Јане Сандански (Скопје, МКД)