Металург без „изборник“ веднаш губи: ППД Загреб со цел плен од Скопје во СЕХА

Без Лино Червар на клупата ракометарите на Металург претрпеа пораз од 26:32 против ППД Загреб во меч во кој имаше борба што траеше околу 50 минути. Во моментите кога најмногу требаше падна концентрацијата и нивото на играта, па Загреб ги однесе бодовите од овој меч од СЕХА-лигата.

Металург тргна борбено во мечот против ППД Загреб, а капитенот Кузмановски одлично ги предводеше своите колеги во нападот. Ниту еден тим не успеаваше да направи поголема предност од два гола, а Металург беше тимот кој ја поведе играта.

Гостите од Загреб успеваа да израмнат и да се најдат во позиција за победа на овој меч. Добрата игра во одбраната даваше простор и за голови, но немаше поголема разлика. Иако Загреб направи серија од 3:0 при 3:1 за Металург тоа беше единствената ваква серија на некој од тимовите до крајот на првиот дел во кој и двата тима се менува во предноста.

На одмор Загреб успеа да замине со гол позитива, но Металург одигра одлично прво полуреме во кое имаше само еден гол негатива на паузата од 12:13.

Почетокот на второто полувреме не најави нешто поразлично бидејќи десетина минути и двата тима продолжија со иста игра како и во првото полувреме. Дарко Арсиќ го одржуваше својот тим во игра, но некаде на средината на второто полувреме Загреб го крена нивото на игра. Неколку напади на Металург не завршија со погодок или беа пресечени од одбраната на противникот, а потоа имаше лесни погодоци, па разликата почна да расте и стигна до шест гола.

Тука веќе стана јасно дека Металург нема да има шанси, па последните 6-7 минути од средбата беа само формалност на овој дуел бидејќи играчите на ППД Загреб знаеја како да го зачуваат водството до крај.

МЕТАЛУРГ – ППД ЗАГРЕБ           26:32 (12:13)

МЕТАЛУРГ: Арсиќ (6 одб.), Даниловски, Дрогришки, Јагањац 7/11, Токиќ 3/4, Шилегов, Танкоски 0/1, Серафимовс 1/4, Кузмановски 2/3, Илиќ 2/5, Анѓелиќ 4/8, Велковски 4/5, Пешевски 1/2, Палевски 0/1, Димитриевски 1/1, Арсеновски 1/1.

Седмерци: 1/5, Исклучувања: 8 мин.

ППД ЗАГРЕБ: Скок (10 одб.), Кастелиц (3 одб.), Мраковчиќ 0/1, Лучин 1/2, Божиќ – Павлетиќ 1/1, Контрец 2/3, Вори 1/2, Д. Марковиќ 1/1, Хорват 6/6, Шушња, Ј. Валчиж 1/2, Т. Валчиќ, Мандалиниќ 8/9, Равниќ 2/2, Хрстиќ 2/4, Вуглач 7/10.

Седмерци: 6/6, Исклучувања: 4 мин.