Мерк: Со нетрпение очекувам да играм со Неагу

Норвежанката од претстојната сезона ќе настапува во вицешампионот на Романија, ЧСМ Букурешт. Нора Мерк има договор на две години со клубот, а на почетокот на подготовките таа зборуваше за очекувањата во нарендата сезона.

„Ми требаше нов предизвик, ЧСМ Букурешт е клуб кој е во врвот на европскиот ракомет. Со нетрпение очекувам да играм со Кристина Неагу“, изјави Мерк.

Во претходната сезона таа настапуваше за Ѓер, а во Романија пристигна како дел од трампата помеѓу двата клуба во која Куртовиќ замина во Унгарија, а Мерк во спротивен правец.

По слабиот учинок на ЧСМ Букурешт минатата сезона иако имаа многу добри играчи, тие направија големи промени во тимот. 27-годишната Мерк се очекува да биде од огромна помош во обидите да се стигне до трофеи наредната сезона.