Мемиќ: Работник секаде оди на победа

Ракометарите на Е.Работник во петтото коло од Суперлигата, ќе се обидат да ја забележат третата победа и да ја продолжат победничката серија од стартот на новата сезона. По триумфите над Металург 2 и Радовиш, како и по ремито со Охрид, избраниците на Андон Бошковски, ќе имаат уште еден гостински испит против Пролет кој го скрши мразот во минатото коло и ја забележа првата победа. Фарук Мемиќ вели дека неговиот тим секогаш оди на победа.

„По двете победи над Радовиш и Металург 2, ние одиме да ја забележиме третата победа. Гостуваме кај Пролет, нивната предност е домашниот терен, а имаат екипа со добро суперлигашко искуство, иако се релативно млади. Ние секаде одиме на победа и се надевам дека со добра игра ќе ја оправдаме фаворитската улога.“ – изјави Мемиќ.

Мечот меѓу Пролет и Работник се игра вечерва во салата „Македонско Сонце“ со почеток во 19:30 часот.