МВП од последното младинско првенство пристигна во Целје

Целје за претстојната сезона ги обезбеди услугите на младиот 21-годишен ракометар од Португалија, Диого Силва. Тој беше МВП на последниот шампионат за младинци и најдобар десен бек.

Силва пристигнува од португалското првенство, тој беше член на Порто но претходните две сезони настапуваше како позајмен играч во Аванко. Диого се смета за еден од најперспективните играчи од Португалија и во Целје доаѓа на позајмица со можност за конечен трансфер.

„Горд сум што сум член на Целје. Минатата година играв тука на првенството и ги доживеав најубавите моменти во кариерата. Кога пристигна понудата од Целје не размислував многу. Одам во Целје затоа што мислам дека тоа е чекор напред во мојата кариера. Ќе играме во Лигата на шампионите со најсилните екипи во Европа. Сакам да напредувам како многу играчи тука и да одам чекор по чекор во кариерата, затоа го одбрав Целје“, изјави Диого Силва.