МВП на 8 коло во Суперлигата: Славиша Димитријески (Охрид)

МВП на 8 коло во Суперлигата е средниот бек на Охрид, Славиша Димитријески, за кого гласаа најмногу од читателите на 24Ракомет. Димитријески по заминувањето на Кежиќ од Охрид добива се поголема доверба од Андоновски и ја оправдува со игрите на теренот. Постигна 5 голови против составот на Прилеп и заедно со голманот Стојаноски и пикерот Кљаиќ беа најдобри поединци.

Досегашни МВП:

7 коло: Бобан Блажески (Охрид)
6 коло: Филип Ролевски (Пролет)
5 коло: Михаил Аларов (Пролет)
4 коло: Благојче Трајкоски (Охрид)
3 коло: Александар Тренчевски (Прилеп)
2 коло: Гоце Ојлески (Е.Работник)
1 коло: Пеце Ѓорѓиоски (Прилеп)