МВП на 7 коло во Суперлигата: Бобан Блажески (Охрид)

МВП на 7 коло во Суперлигата е десното крило на Охрид, Бобан Блажески, за кого гласаа најмногу од читателите на 24Ракомет. Блажески редовно е меѓу најдобрите стрелци во тимот на Горан Андоновски, а така беше и на средбата со Борец, каде беше прв стрелец со 7 голови. Одигра повторно на ниво во текот на сите 60 минути и има големи заслуги за победата во Велес на составот на Охрид.

Досегашни МВП:

6 коло: Филип Ролевски (Пролет)
5 коло: Михаил Аларов (Пролет)
4 коло: Благојче Трајкоски (Охрид)
3 коло: Александар Тренчевски (Прилеп)
2 коло: Гоце Ојлески (Е.Работник)
1 коло: Пеце Ѓорѓиоски (Прилеп)