МВП на 5. коло во Супер машката лига: Дарко Георгиевски (Охрид)

Засилувањето на Охрид од ова лето, левиот бек Дарко Георгиевски им се приклучи на своите соиграчи Крсте Андоноски и Иван Тасески во изборот на најдобри ракометари по коло во Супер машката лига. Тој доби 53 проценти од гласовите така што се најде пред конкуренцијата во изборот за најдобар играч од 5. коло.

Георгиевски имше убедлива предност во однос на конкурентите бидејќи второплaсираниот Милан Поповиќ имаше двојно помалку гласови така што остана зад победникот во ова коло.

Гласањето за 5. коло заврши подоцна отколку што беше случај со претходните четири кола, а причината е во тоа што ова коло финишираше подоцна поради учеството на Пролет во Купот на ЕХФ. Пролет играше против Борец во средата и затоа и покасно почна гласањето.

Затоа, пак, најдобрите седум од 6. коло ќе ги имате веќе утревечер и ќе имате одново можност да го дадете гласот за ракометарите за кои сметате дека покажале најмногу.

Инаку, покрај Георгиевски и Поповиќ во најдобрата седумка за 5. коло беа и: Александар Бозароски (Прилеп), Градимир Чаневски (Еурофарм Работник), Михаил Петровски (Еурофарм Работник), Васко Димитровски (Пелистер) и Милан Ѓукиќ (Еурофарм Работник).

И годинава 24 Ракомет ви овозможува со вашите гласови да го бирате најдобриот играч во секое коло. Досега веќе се избрани најдобрите во првите пет кола и најголем број на гласови дојдоа за играчите на Струга и на Охрид. Затоа во продолжение имате преглед на ракометарите кои досега беа најдобри во првите пет кола, а ова значи и причина за активирање и на фановите на ракометарите од другите клубови.

НАЈДОБРИ РАКОМЕТАРИ ПО КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

1.КОЛО: Цветан Кузмановски (Струга)

2.КОЛО: Гиорги Дикаминџија (Струга)

3.КОЛО: Крсте Андоноски (Охрид)

4.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)

5.КОЛО: Дарко Георгиевски (Охрид)