МВП на 11. коло во Супер машката лига: Давор Шокоски (Прилеп)

Ракометарот на Прилеп, Давор Шокоски доби убедливо најмногу гласови во анкетата за 11. коло од Супер машката лига. Тој имаше вкупно 62 проценти од гласовите со што се најде пред своите конкуренти кои влегоа во тимот на колото.

Шокоски веќе неколку средби игра на одлично ниво, па во 11. коло успеа да стигне до посакуваното. Покрај тоа што се најде во тимот на колото доби и најмногу гласови, а зад себе ги остави Ненад Костески (Струга), Марко Кобетиќ (Пелистер), Александар Тренчевски (Струга), Мирко Мајиќ (Бутел Скопје), Доне Мајнов (Пролет) и Богдан Панченко (Бутел Скопје).

Со Прилеп стана шесттиот тим кој доби играч на колото во Супер машката лига. Досега свои ракометари како најдобри имаа и тимовите на Струга, Охрид, Бутел Скопје, Пелистер и Пролет.

И годинава 24 Ракомет ви овозможува со вашите гласови дагобирате најдобриот играч во секое коло. Веќе се избрани најдобрите во досегашните 11 кола. Кои се играчите кои беа прогласени за најдобри можете да видите во продолжение.

НАЈДОБРИ РАКОМЕТАРИ ПО КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

1.КОЛО: Цветан Кузмановски (Струга)

2.КОЛО: Гиорги Дикаминџија (Струга)

3.КОЛО: Крсте Андоноски (Охрид)

4.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)

5.КОЛО: Дарко Георгиевски (Охрид)

6.КОЛО: Бобан Блажески (Охрид)

7.КОЛО: Бојан Блажески (Бутел Скопје)

8.КОЛО: Милан Поповиќ (Пелистер)

9. КОЛО: Стефан Трајковски (Пролет)

10. КОЛО: Александар Тренчевски (Струга)

11. КОЛО: Давор Шокоски (Прилеп).