МВП на 3 коло во Суперлигата: Александар Тренчевски (Прилеп)

МВП на третото коло во машката Суперлига e пикерот Александар Тренчевски од Прилеп, за кого гласаа најмногу од читателите на 24Ракомет. Прилеп загуби во Велес од Борец, но пикерот Тренчевски беше единствениот од тимот на Ице Соколески, кој успеваше да им парира на домашните ракометари и постигна 7 голови, иако тоа беше премалку за неговиот тим да се надева на позитивен резултат.