МВП на 2 коло во Суперлигата: Гоце Ојлески (Работник)

МВП на 2 коло во машката Суперлига е Гоце Ојлески, за кого гласаа најмногу од читателите на 24Ракомет. Македонскиот репрезентативец по две години играње во странство, се врати во македонскиот шампионат и веднаш ги покажа своите квалитети. Иако неговиот тим не победи во дерби пресметката со Охрид, стружанецот беше еден од најдобрите на теренот, и во одбрана, и во напад, кој го предводеше со 8 голови.