Маџовски: Откако е формиран новиот тим, го одигравме најслабиот натпревар!

На прес-конференцијата по натпреварот меѓу Металург и Брест Мешков, менторот и ученикот повторно седнаа еден до друг за последен пат оваа СЕХА сезона. Покрај Лино Червар и Жељко Бабиќ, своите размислувања за натпреварот ги споделија и Борјан Маџовски и Љубо Вукиќ:
000_2247
Лино Червар, тренер на РК Металург:
И честитам на екипата на Мешков на победата и им посакувам успех на завршницата во Веспрем. Ние бевме хендикепирани без надворешната линија без Неловски, Талевски и Стојановиќ , но мораме повеќе да работиме и да се вкомпонираме подобро заедно со повредените играчи, до почеток на македонското првенство и да извлечеме колку можеме повеќе до крај на сезоната.
000_2249-2
Борјан Маџовски, ракометар на РК Металург:
Им честитам на Брест за победата. Откако е формиран овој нов тим, ние го одигравме можеби најслабиот натпревар. Но продолжуваме понатаму, да тренираме и да се подготвуваме за тоа што следи во македонското првенство . Им посакувам успех на Мешков на завршниот турнир во Веспрем.
000_2238-2
Желко Бабиќ, тренер на екипата на Мешков Брест:
Би се заблагодарил на своите ракометари на еден добар ангажман во смисла на мотивацијата, ние веќе го обезбедивме третото место и немавме дополнителен мотив на овој натпревар затоа тоа го нагласувам. Се надевам дека во една оптимална состојба ќе бидеме подготвени за Фајнл Сикс турнирот во Веспрем. Сакам да се заблагодарам на Металург и на Лино Червар за организацијата и прикажаната игра.
000_2240-2
Љубо Вукиќ, ракометар на Мешков Брест:
Во моментов сме подобар тим од Металург. Натпреварот во Брест покажа дека тие може да играат со нас, бидејќи ги потценивме, затоа денес одигравме поангажирано на овој натпревар и победивме. Се надевам дека во иднина состојбата во која се наоѓа Металург ќе се подобри.