Мајсторија на Данецот: Хансен во стилот на Дибиров го совлада голманот на Нант (ВИДЕО)

Екипата на ПСЖ вечерва забележа тесна победа на гостински терен совладувајки го Нант со 26-27. Микел Хансен со 6 постигнати погодоци беше еден од најдобрите поединци во својот тим. Данецот иако важи за еден од најдобрите бекови на планетата, на вечерашниот натпревар постигна вистинско “ремек дело” од левата крилна позиција и покажа дека подеднакво добро се снаоѓа на секоја позиција на теренот.