Мајсториите на Ончев и Илиќ во конкуренција за најубав гол во 4 коло од СЕХА (ВИДЕО)

Вардар го совлада Татран Прешов со 32:28 во 4 коло од СЕХА Лигата, додека вториот македонски претставник Металург беше поразен на гостувањето во Нови Сад, кај српскиот првак Војводина со 21:19.

Два гола од овие две средби, на левите крила Тоше Ончев и Вања Илиќ се во конкуренција за најубав погодок во рамките на 4 коло од регионалната конкуренција. Можете да гласате директно на постот од СЕХА на Фејсбук, а во видео прилогот погледенете ги сите голови кои се во изборот…