Мајиќ и Илиев во мртва трка за прв стрелец во Супер машката лига

Ракометарот на Радовиш, Мирко Мајиќ се наоѓа на лидерската позиција на Листата на стрелците во Супер машката лига, но има сериозна конкуренција во Ивица Илиев од Борец кој е сè поефикасен.

Ако тука се земе предвид фактот дека Блажески има меч помалку и дека тој може да им се доближи станува јасно дека тука уште ќе има поместувања, а допрва ќе треба да се разгорува битката околу врвот на Листата. Инаку, Радовиш и Борец веќе беа слободни, па на следните два меча ќе има голема битка меѓу Мајиќ и Илиев околу врвот.