Мајиќ во последното коло стана најдобар плеј-оф стрелец

Ракометарот на Бутел Скопје, Мирко Мајиќ во последното коло на гостувањето во Битола кај Еурофарм Работник постигна десет гола и стигна до бројката од 73 погодоци со што се најде на врвот на листата.

Тој со овие десет погодоци успеа да го помине Филип Кузмановски, кој во последното коло постигна само два гола и на тој начин се најде на 2. место, па не успеа како најдобар стрелец во плеј-офот да си замине од Еурофарм Работник.

Инаку, на првите три позиции се наоѓаат две леви крила од Црна Гора бидејќи покрај Мајиќ тука е и Поповиќ од Пелистер.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)

73 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)

69 – Филип Кузмановски (Еурофарм Работник)

66 – Милан Поповиќ (Пелистер)

52 – Мартин Манасков (Пролет)

50 – Милан Ѓукиќ (Еурофарм Работник)

48 – Ласко Андоновски (Пролет)

48 – Марко Кобетиќ (Пелистер)

46 – Александар Шпенде (Металург)

39 – Алексеј Григориев (Бутел Скопје)

39 – Анте Токиќ (Металург)

39 – Владимир Остроушко (Еурофарм Работник)